ЕвропаЕвропа.Портал

Меркел преку телевизија ќе се обрати до нацијата

Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва ќе и се обрати на нацијата преку телевизија, но не се очекува да најави понатамошни рестрикции покрај постоечките мерки, објави германската телевизија АРД

Берлин, 18 март 2020 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва ќе и се обрати на нацијата преку телевизија, но не се очекува да најави понатамошни рестрикции покрај постоечките мерки, објави германската телевизија АРД.

Телевизијата повикувајќи се на владини извори наведе дека Меркел преку снимено обраќање сака да ги извести Германците каква е состојбата во земјата и да потсети што треба да прават за да помогнат за забавување на ширењето на новиот коронавирус,

Тое е првпат во последните 14 години, колку што Меркел е на власт да и се обрати на нацијата, а тоа да не е новогодишно обраќање.

Германската Влада ги советуваше 16 региони да ги затворат училиштата и градинките до велигденските празници. Продавниците, освен супермаркетите, пекарите, аптеките, банките и другите клучни компании се затворени. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close