ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Меркел: Потребен е систем за предупредување ако повторно почне да расте бројот на заразени

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е потребен систем за предупредување во случај повторно да почне да расте бројот на заразени со новиот коронавирус.

Берлин, 30 април 2020 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е потребен систем за предупредување во случај повторно да почне да расте бројот на заразени со новиот коронавирус.

Меркел, по состанокот со премиерите на германските покраини, рече дека во интерес на граѓаните е да постои една стратегија за цела Германија и заеднички цели.

– Целта е да се забави ширењето на вирусот и ние успеавме да направиме многу во последните неколку недели, истакна таа.

Заблагодарувајќи им се особено на сите што работат на концептот за рестартирање на животот во земјата, таа рече дека тој работен концепт, покрај правилата за растојание и хигиената, содржи упатства за тоа како да се живее со пандемија.

– Останува задача на политиката да одлучи кога ќе се рестартираат животот и стопанството. Тука не постои автоматизам. Треба да се биде внимателен и да се има преглед на целата ситуација. Треба да работиме понатаму за да го намалиме бројот на инфекции, рече Меркел.

Таа истакна дека внимателноста останува приоритет.

Секое попуштање води кон тоа да се сретнуваат се повеќе луѓе. Затоа мора да останеме дисциплинирани и да се придржуваме кон правилата за хигиена, рече таа, додавајќи дека денеска се донесени некои одлуки, но оти пакет мерки ќе бидат донесени следната недела.

На прашањето за летни одмори, Меркел рече дека денес не може толку далеку да се гледа.

– Одењето на годишен одмор во други европски земји се уште не е на дневен ред за Германците, истакна таа.

Со оглед на тоа што во некои европски држави ситуацијата е полоша отколку во Германија, Меркел рече дека се уште не е можно да се продолжи со туризмот.

На денешниот состанок била разгледана и ситуацијата после првите олеснувања на мерките, односно делумното отворање на продавниците. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close