ЕвропаЕвропа.Портал

Меркел: На земјите од Западен Балкан да им се даде перспектива за членство во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Европскиот парламент ја образложи програмата на германското претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека „треба да се стреми кон напредок на земјите од Западен Балкан и да им се даде перспектива за членство во Унијата“.

Брисел, 8 јули 2020 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Европскиот парламент ја образложи програмата на германското претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека „треба да се стреми кон напредок на земјите од Западен Балкан и да им се даде перспектива за членство во Унијата“.
Таа нагласи дека Германија, како претседавач со ЕУ, до крајот на годинава има задача да ги поттикне преговорите за членство со Северна Македонија и „во краен случај и со Албанија“, додавајќи дека е важно и партнерството со Африка, особено кога станува збор за притисокот на мигрантите.
Меркел изјави дека ЕУ мора да дејствува одлучно и солидарно, помагајќи им најмногу на оние земји кои се најтешко погодени од последиците на пандемијата на новиот коронавирус, потенцирајќи ја важноста од усвојување на големиот финансиски план за поддршка од 750 милијарди евра, за кој многу придонеле Германија, Франција и ЕК. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close