0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderЕвропаЕвропа.ПорталПолитика

Меркел му го честита новиот мандат на Заев

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Зоран Заев му го честита реизборот за премиер на Република Северна Македонија.

Берлин, 1 септември 2020 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Зоран Заев му го честита реизборот за премиер на Република Северна Македонија.

– Ви честитам за реизборот за премиер на Република Северна Македонија. Северна Македонија и Германија се поврзани со тесно партнерство, билатерални врски, и како сојузници во НАТО, нагласи таа во честитката.

Меркел посочи дека германската Влада целосно ја поддржува целта за поголемо доближување на земјата до Европската Унија.

– Од клучно значење на тој пат е посветено продолжување на реформите, вели германската канцеларка во честитката.

Таа на крајот на Заев му посакува среќа и успех во неговата одговорна задача и изразува задоволство од соработката меѓу двете земји. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close