ЕвропаЕвропа.Портал

Меркел: Многу е рано за ублажување на мерките

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е многу рано за ублажување на мерките воведени со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, додавајќи дека нејзината Влада би била лоша доколку сега го одреди датумот кога тие ќе бидат намалени.

Берлин, 6 април 2020 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е многу рано за ублажување на мерките воведени со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, додавајќи дека нејзината Влада би била лоша доколку сега го одреди датумот кога тие ќе бидат намалени.

На прашањето кога Германија ќе почне да ги ублажува мерките, со оглед дека Австрија денеска го најави својот план, Меркел на прес-конференција одговори дека Австрија во текот на целата криза била малку пред Германија.

Таа нагласи дека германската Влада би била лоша доколку сега размислува за датум, „бидејќи и понатаму се живее во пандемија“, потсетувајќи дека мерките се воведени до 19 април и тоа нема да се менува.

Германската канцеларка објасни дека за да се усвои одлука за ублажување на мерките е потребно да се исполнат повеќе критериуми, меѓу кои е стапката на репродукција на вирусот, како и „времето за двојно зголемување на бројот на заразени“.

– Направивме еден чекор напред во кризата, а за ублажување на мерките е многу рано, изјави Меркел, додавајќи дека Германија секако ќе се врати на „нормалниот живот“, штом тоа го дозволи здравствената ситуација.

Таа додаде дека во тек се разговори со експерти во врска со евентуално воведување на обврзно носење заштитни маски. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close