0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Мерцедес покажа елементи од новиот болид

Автомобилот ќе биде промовиран на 14 февруари во патеката „Силверстон“, каде ќе има и „шејкдаун“.

Бракли, 9 февруари 2020 (МИА) – Тимот Мерцедес од Формула 1 покажа некои од карактеристиките на својот нов автомобил „В11“ на социјалните медиуми.

Автомобилот ќе биде промовиран на 14 февруари во патеката „Силверстон“, каде ќе има и „шејкдаун“.

На една од објавите е прикажан дел од хаубата која е во темно сива боја со бројот 44 на Луис Хамилтон и sвездите на Мерцедес. Едната од нив е црвена во сеќавање на Ники Лауда, кој почина минатата година.

Други видеа го содржат името на главниот спонзор „Петронас“, како и дизајнот и поставувањето на логото на Мерцедес на носот на автомобилот.

Таг
Back to top button
Close
Close