0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Мерцедес планира да го замени Ботас со Расел во 2021 година

Раководството на Мерцедес одлучи со кој состав ќе настапи во сезоната 2021, објави „it.motorsport.com“.

Берлин, 21 мај 2020 (МИА) – Раководството на Мерцедес одлучи со кој состав ќе настапи во сезоната 2021, објави „it.motorsport.com“.

Според извор, германскиот тим решил да го замени финскиот пилот Валтери Ботас со Британецот, Џорџ Расел, кој вози за Вилијамс.

Финецот може да продолжи кариера во Рено, додека Луис Хамилтон ќе го задржи статусот на прв пилот во германскиот тим.

Се известува дека раководството на Мерцедес не сака да ризикува со потпишување на Себастијан Фетел, кој ќе го напушти Ферари по 2020 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close