0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Менхенгладбах со пресврт до победа против шампионот Баерн

Момчињата на Марко Розе беа тотално надиграни во првото полувреме и имаа доволно среќа да се повлечат на пауза без примен гол. За тоа голема заслуга имаше и голманот Јан Зомер, кој направи неколку феноменални спасувања.

Менхенгладбах, 7 декември 2019 (МИА) – Борусија Менхенгладбах оствари неверојатен доцен пресврт во победата од 2:1 над Баерн Минхен во 14-тото коло од Бундеслигата што се играше на „Борусија парк“.

Момчињата на Марко Розе беа тотално надиграни во првото полувреме и имаа доволно среќа да се повлечат на пауза без примен гол. За тоа голема заслуга имаше и голманот Јан Зомер, кој направи неколку феноменални спасувања.

Непосредно по паузата, Иван Перишиќ го откри резултатот во корист на шампионите, но главниот лик беше Рами Бенсебаини. Дефанзивецот најпрво израмни со глава по корнер, а во додаденото време покажа најголема храброст и постигна од пенал.

Така, Гледбах има 32 поени и остана на врвот на табелата, додека Баерн сензационално падна на шестото место со 24 поени.

Резултати од Бундеслигата, 14 коло:

Борусија Дортмунд – Фортуна Дизелдорф 5:0
Аугзбург – Мајнц 05 2:1
РБ Лајпциг – Хофенхајм 3:1
Фрајбург – Волфсбург 1:0
Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен 2:1

Таг
Back to top button
Close
Close