Дописници МКДОпштински вести

Меморандум за соработка меѓу Општина Крива Паланка и Институт за добро управување и евроатлантски перспективи

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи од Скопје, Бобан Кордалов.

Крива Паланка, 12 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи од Скопје, Бобан Кордалов.
– Со потпишувањето на овој Меморандум се воспоставува соработка помеѓу Институтот за добро управување и евро-атлански перспективи (ИДУЕП) и Општина Крива Паланка, а целта е да се промовираат добрите практики во сферата на доброто управување и евро-атланските перспективи и поттикнување на заложбите за транспарентност, дигитализација и двонасочна комуникација, изјави Мицевски.
Меморандумот беше потпишан во кабинетот на градоначалникот Мицевски.ид/са/

Back to top button
Close
Close