Граѓански секторДописници МКДОпштински вести

Меморандум за соработка меѓу Општина Гостивар и Младинската еколошка организација – EYO

Општина Гостивар денеска потпиша меморандум за соработка во сферата на екологијата со Еколошката организација за млади - EYO.

Гостивар, 23 април 2021 (МИА) – Општина Гостивар денеска потпиша меморандум за соработка во сферата на екологијата со Еколошката организација за млади – EYO.

Според општинските власти, со овој меморандум ќе се обезбеди рамка во која ќе бидат опшфатени предлози и програми за соработка меѓу Општина Гостивар и Младинската еколошка организација – EYO и се однесуваат на заштитата на животната средина, социјална инклузија на младите, подигање на свеста кај младите луѓе преку спроведување на активности за соработка и програми од областа на екологијата.

– Се предвидува интеракција преку состаноци и конференции, чистење и одржување на јавни простории, засадењување на дрвја, цвеќиња, уредување на зелените површини и други активности во областа на заштитата на животната средина, наведуваат од Општина Гостивар.

Во меморандумот е наведено дека взаемната соработка ќе се реализира во разни домени, а посебно внимание ќе се посвети на подигнување на свеста кај младите за заштита на природата и животната средина со дебати и предавања на експерти од оваа област.згм/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close