Политички партии

Мемеди на средба со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Претседателот на НДП Весел Мемеди, заедно со Генералниот Секретар Сухејл Фазлиу и потпретседателот Премтим Исени, реализираа средба со Унгарскиот амбасадор г. Ласло Дукс, заменик амбасадор г-ѓа Кристина Тихани и вториот секретар г. Јожеф Габриел. На оваа средба се разговараше за предвремените парламентарни избори, законот за обвинителство, владеењето на правото и за многу други актуелни политички теми.

22 јануари 2020

Претседателот Мемеди истакна дека искуството на Унгариjа со формирање на Вишеградската Група, и фактотот дека Комисијата за Проширување на ЕУ што сега се предводи од Унгарец, се два силни аргументи за улогата на Унгарија за подршка на Северна Македонија на патот кон ЕУ. Мемеди исто така потенцира дека НДП, во најважните моменти за земјата и нацијата покажала висока политичка зрелост, нарочито во унифицирање на албанскиот политички фактор, и нема дилема дека НДП ќе продолжи со оваа висока политичка зрелост и понатаму.

Унгарскиот Амбасадор во Скопје г. Др. Ласло Дукс и се заблагодари на претседателот Мемеди за посетата и за улогата на НДП во најзначаjните и историски моменти на земјата, и истакна дека Унгарија и понатаму ќе ја поддржува Северна Македонија на патот кон Европската Унија.

Служба за Информирање – НДП

_______________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close