Дописници МКДЕкономијаОпштествоОпштински вести

Мемеди и Гошаревски извршија увид на градежните активности на патот Ресен – Царев Двор

Директорот на јавното претпријатие „Македонија пат“, Беким Мемеди и градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски денеска направија увид на градежните активности на започнатата рехабилитација на патниот правец Ресен - Царев Двор во должина од четири километри.

Ресен, 14 мај 2021 (МИА) – Директорот на јавното претпријатие „Македонија пат“, Беким Мемеди и градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски денеска направија увид на градежните активности на започнатата рехабилитација на патниот правец Ресен – Царев Двор во должина од четири километри.

– Обезбедување солидна патна инфраструктура и безбедност во сообраќајот се наш врвен приоритет. Со засилено темпо ќе продолжиме со асфалтирање и санација на улици, како во централното градско подрачје, така и во селата, рече Гошаревски.

Вредноста проектот, како што информира, е 20 милиони денари.

Двајцата соговорници, најавија дека во најкраток рок ќе почне и рехабилитацијата на патот за Охрид преку националниот парк „Галичица“.

– Во скоро време ќе почне со рехабилитација и патот, што поминува низ националниот парк „Галичица“ за што се издвоени околу 60 милиони денари. Овој патен правец е од огромно значење за општина Ресен и ќе придонесе во развојот на туризмот, нагласи Гошаревски. сс/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close