0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаОпштество

Мелничарите бараат протокол за возачите – да не ги задржуваат во карантин на граница

Околу 200 - 300 тони е дневниот увоз на пченица во земјава, велат мелничарите. Повторуваат дека залихи има доволно, за цел месец, дека во континуитет вршат набавка и уште еднаш апелираат до граѓаните да не трупаат резерви.

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Околу 200 – 300 тони е дневниот увоз на пченица во земјава, велат мелничарите. Повторуваат дека залихи има доволно, за цел месец, дека во континуитет вршат набавка и уште еднаш апелираат до граѓаните да не трупаат резерви.

Единствен проблем во моментов, велат, е немањето протокол за нашите возачи на камиони поради што, кога ќе дојдат на граница, надлежните ги задржуваат во 14-дневен карантин. Компаниите во ваков случај се принудени да најмуваат возачи од Србија зашто таму протокол има и тие се заштитени од задржување во карантин.

-Ја повикуваме Владата веднаш да изготви и да воведе протокол за возачите кои транспротираат пченица за мелничката индустрија за да не бидат ставени под карантин како што е случајот денеска со 12-те возачи на цистерни со нафта на граничниот премин „Деве Баир“. Тие се ставени во карантин. Ако вака продолжиме, односно ако нема протокол, стото може да се случи и со увзоот на пченица.  Ако не се воведе протоколот веднаш, не ќе може да се снабдиме со стока, изјави за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ.

Според него, пченица засега најмногу се увезува од Србија.

И Томе Ѓорѓевски од „Кадино“ за МИА потврдува дека пченица има и дека континуирано се увезува, но во моментов најголем проблем е транспротот зашто многу возачи, нагласува, се во изолација.

-Снабдување на пазарот со пченица секако има и ќе има. Има и доволно млинови во земјава за да ги одработат увезените количини. Ова што сега се случува е поради големата побарувачка во исто време и ќе стивне, ако не за пет, десет, тогаш за 20 дена, кога граѓаните ќе ги „наполнат“ домовите со брашно. Но, реален проблем во моментов ни е ставањето во карантин на возачите поради што сме принудени да бараме од надвор, а тоа не само што го одолговлекува, туку и го поскапува транспортот, истакнува Ѓорѓевски.

Србија, од каде традиционално највеќе извезуваме, нема да стави рампа за извоз зашто ќе гледа да ги продаде залихите пченица со кои располага. мч/сст/

Back to top button
Close
Close