0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

МекТомини потпиша нов договор со Јунајтед

Скот МекТомини беше награден со нов договор од Манчестер Јунајтед, кој ќе го остави во клубот до 2025 година со опција за дополнителна сезона. 23-годишниот играч од средниот ред го направи своето деби во дресот на „црвените ѓаволи“ во 2017 година против Арсенал и веќе има 75 одиграни натпревари за првиот тим, во кој постигна шест гола.

Манчестер, 23 јуни 2020 (МИА)– Скот МекТомини беше награден со нов договор од Манчестер Јунајтед, кој ќе го остави во клубот до 2025 година со опција за дополнителна сезона. 23-годишниот играч од средниот ред го направи своето деби во дресот на „црвените ѓаволи“ во 2017 година против Арсенал и веќе има 75 одиграни натпревари за првиот тим, во кој постигна шест гола.

– Иако разбирам дека има други поважни работи во моментов, јас сум исклучително среќен што го потпишав овој договор и играм улога во иднината на клубот. Сè што некогаш сум знаел е поврзано со Јунајтед и се надевам дека мојата страст за клубот се гледа секој пат кога ќе излезам на теренот. Јас ќе продолжам да давам сè за Јунајтед. Сакам да му се заблагодарам на менаџерот за довербата во мене и на сите во клубот кои ми помогнаа да го постигнам тоа што го претставувам денес. Со нетрпение очекувам да ја завршам сезоната на високо ниво и да ги оствариме нашите цели, рече халфот по потпишувањето на договорот.

Менаџерот Оле Гунар Солскајр исто така беше задоволен од обновата на договорот.

– Скот одлично се снајде уште од придружувањето во нас и одигра клучна улога во нашиот среден ред. Тој носи решителност, енергија и вештина во играта – знаеме дека квалитетите на Скот ќе бидат фундаментални за тимот во следните неколку години. Како што секогаш сме велеле, нашата школа е суштината на идниот успех на клубот – Скот ја покажа неопходната психолошка еластичност и менталитет на победник уште во академијата. Со нетрпение очекувам да го видам неговиот иден развој во наредните години, рече норвешкиот специјалист.

Таг
Back to top button
Close
Close