0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Мексико останува во календарот на Формула 1

Трката за Големата награда на Мексико ќе остане на календарот во Формула 1 шампионатот.

Лондон, 8 август 2019 (МИА) – Трката за Големата награда на Мексико ќе остане на календарот во Формула 1 шампионатот.

Градоначалникот на Мексико, Клаудија Шејнбаум, на својата страница на Твитер објави дека оваа недела ќе биде потпишан нов договор, објави Би-Би-Си.

Планирано е дека покрај „Големата награда на Мексико“, „Гран при на Холандија“ и „Гран при на Виетнам“ ќе се појават на календарот на следната сезона.

Ќе испадне „Гран-при на Германија“ .

Така, во 2020 година ќе има 22 трки во сезоната. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close