СветСвет.Портал

Мексико: Еден мигрант загина и 81 повреден на автопат кон САД

Едно лице загина, а 81 се повредени кога камион полн со мигранти од Централна Америка се преврте на автопат во јужниот дел на Мексико што води кон САД, соопштија властите во мексиканската држава Веракруз.

Мексико Сити, 5 февруари 2020 (МИА) – Едно лице загина, а 81 се повредени кога камион полн со мигранти од Централна Америка се преврте на автопат во јужниот дел на Мексико што води кон САД, соопштија властите во мексиканската држава Веракруз.

Во полициското соопштение се вели дека повеќето од повредените биле мигранти од Гватемала.

Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата, што се случи во близина на градот Сан Андрес Тукстла, на околу 515 километри од главниот град Мексико Сити. зш/

Back to top button
Close
Close