Svet.SlajderСветСвет.Портал

Мексиканската полиција случајно открила 23 киднапирани деца

Потрагата по исчезнатото 2,5-годишно момче Дилан Перез, во градот Сан Кристобал во мексиканската сојузна држава Чијапас, ја доведе полицијата до куќа каде биле сместени 23 киднапирани деца, кои биле принудени да питачат и да продаваат ситници по улиците

Мексико Сити, 22 јули 2020 (МИА) – Потрагата по исчезнатото 2,5-годишно момче Дилан Перез, во градот Сан Кристобал во мексиканската сојузна држава Чијапас, ја доведе полицијата до куќа каде биле сместени 23 киднапирани деца, кои биле принудени да питачат и да продаваат ситници по улиците.

Пронајдените деца биле на возраст од две до 15 години, кои константно биле изложени на физичко и психичко насилство, биле неухранети и уплашени.

Во соопштението од полицијата се наведува дека на сигурносна камера било забележано како девојче на околу 13 години го зема за рака исчезнатиот Перез и го носи во непознат правец, додека мајката купува на локалниот пазар.

Перез не е меѓу пронајдените деца. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close