Svet.SlajderСветСвет.Портал

Мексиканската полиција го уапси водачот на бандата Санта Роса де Лима

Во мексиканската држава Гванахуто денеска е уапсен Хосе Антонио Јепеза Ортиза, водачот на злогласната банда Санта Роса де Лима, познат како Ел Маро (ковач). Бандата Санта Роса де Лима повеќе години е во судир со картелот Халиско

Мексико Сити, 2 август 2020 (МИА) – Во мексиканската држава Гванахуто денеска е уапсен Хосе Антонио Јепеза Ортиза, водачот на злогласната банда Санта Роса де Лима, познат како Ел Маро (ковач).
Бандата Санта Роса де Лима повеќе години е во судир со картелот Халиско.

Ел Маро е познат по тоа што поставуваше видео-снимки со емотивни пораки до своите следбеници. Во јуни тој објави снимка на која плаче по апсењето на неколкумина негови приврзаници и роднини. Во друго видео тој се закануваше дека ќе се здружи со картелот Синалоа и ќе го победи мексиканскиот најбрзо растечки картел Халиско.

Санта Роса де Лима не е картел туку моќна насилна банда која краде гориво од нафтоводите и рафинериите, а исто така ограбува и товарни возови. Кога возовите и нафтоводите ја зајакнаа безбедноста, бандата почна да се занимава со киднапирање и уцени. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close