БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Мекалистер: Новата методологија носи „повеќе за повеќе и помалку за помалку“

Сега е важно новата методологија на Европската комисија да ги убеди Париз, Хаг и Копенхаген да се откажат од противењето за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, а потоа и Самитот ЕУ-Западен Балкан да биде успешен, заклучува Мекалистер.

Брисел, 6 февруари 2020 (МИА) – Претседавачот на Надворешнополитиката комисија во Европскиот Парламент Дејвид Мекалистер оценува дека новата методологија на проширување треба процесот на пристапување во ЕУ да го направи повеќе политички и покредибилен, но и ќе има конкретни бенефити, односно санкции.

– Новата методологија треба да донесе повеќе за повеќе и помалку за помалку сработено, појасни Мекалистер.

Тој вели дека било јасно оти нешто мора да се случи по минатогодинешниот неуспех на Европскиот совет да се договори околу отворање пристапни преговори со Скопје и Тирана.

– Сега е важно новата методологија на Европската комисија да ги убеди Париз, Хаг и Копенхаген да се откажат од противењето за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, а потоа и Самитот ЕУ-Западен Балкан да биде успешен, заклучува Мекалистер. ссм/

 

Back to top button
Close
Close