0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Мегваер: Подобриот тим загуби

„Црвените ѓаволи“ загубија со 1: 2 од Севиља во Келн и се вратија дома.

Келн, 17 август 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер беше крајно вознемирен по елиминацијата во полуфиналето на Лигата на Европа.

„Црвените ѓаволи“ загубија со 1: 2 од Севиља во Келн и се вратија дома.

– Подобриот тим загуби денес. Тешко е да се прифати таков пораз. Ние сме вознемирени затоа што по трет пат оваа сезона губиме во полуфиналето. Ние сме способни за повеќе, сакаме да освојуваме трофеи и нема да бидеме задоволни. Оваа година многу ја подобривме нашата игра. И денес имавме иницијатива и создадовме многу ситуации. Секој друг ден ќе победевме со голема разлика, рече Мегваер.

Таг
Back to top button
Close
Close