0_Магазин.ПорталЗанимливости

Меган и Хари тајно купиле куќа во Санта Барбара

Не е соопштена точната локација на нивниот нов дом, ниту колку е голем, или колку пари го платиле.

Лос Анџелес, 14 август 2020 (МИА) – Британскиот принц Хари и Меган Маркл тајно се преселиле во нова куќа во Санта Барбара, монденско гратче во близина на Лос Анџелес.

Според неименуван извор, двојката се решила на овој потег затоа што папараците не им даваат мир, ним и на нивниот син Арчи во куќата што ја изнајмиле во Лос Анџелес, родниот град на Меган. Наводите говорат дека тие се преселиле во новиот дом пред неколку недели.

Не е соопштена точната локација на нивниот нов дом, ниту колку е голем, или колку пари го платиле. Но, се наведува дека „тие внимателно ја одбрале куќата и дека тоа е местото каде планираат да бидат среќни, да стекнат пријатели и да го израснат Арчи“, давајќи му можност непречено да си игра со своите врсници.

Портпаролот на брачната двојка потврди дека се преселиле во нивниот нов дом во јули. си/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close