0_Спорт.ПорталРезултатиСпорт.СлајдерТенис

Медведев го освои Мастерсот во Торонто

Рускиот тенисер Даниел Медведев синоќа го победи Американецот Рејли Опелка со 6:4, 6:3 во финалето на турнирот во Торонто.

Торонто, 16 август 2021 (МИА) – Рускиот тенисер Даниел Медведев синоќа го победи  Американецот Рејли Опелка со 6:4, 6:3 во финалето на турнирот во Торонто.

Мечот траеше 1 час и 27 минути.

Русинот направи четири аса и четири двојни грешки, а исто така конвертира три брејк топки од седум можности. Опелка исто така сервираше четири аса, имаше три грешки на вториот сервис, и ниту еден реализиран брејк од четири шанси. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 2,8 милиони долари.

За Медведев ова е трета титула во 2021 година. Претходно победи на турнирите во Мајорка и Марсеј.

Вкупно, Медведев има 12 победи на АТП турнирите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close