Дописници МКДОпштински вести

Медоносни растенија насадени во паркот на градскиот кеј во Куманово

Медоносни растенија, грмушки и листопадни дрвја, денеска насадија екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ на градскиот кеј во Куманово, во рамки на проектот „Здрава животна средина за сегашни и идни генерации“ кој го спроведува пчеларското здружение „Пчела“.

Куманово, 30 октомври 2020 (МИА) – Медоносни растенија, грмушки и листопадни дрвја, денеска насадија екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ на градскиот кеј во Куманово, во рамки на проектот „Здрава животна средина за сегашни и идни генерации“ кој го спроведува пчеларското здружение „Пчела“.

Проектот е поддржан од „Цивика Мобилитас“, а соработници се општина Куманово, претпријатието и стручното земјоделско училиште „Киро Бурназ“.

– Ова е прва активности која има за цел формирање „пчелен парк“ и едукација на граѓаните, заштита на животната средина, информираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој вели дека соработката со здружението ќе продолжи и средствата коишто биле планирани за откажаната манифестација „Денови на мед“ ќе бидат пренаменети за други активности. Тој апелираше граѓаните да се потрудат, согласно можностите да користат квалитетно дрво за загревање, да се приклучат на гас, зашто општината одвојува субвенции и да го намалат аерозагадувањето.

– Ќе набавиме и висококвалитетни садници, огласот е во тек-изјави Димитриевски.

Мирољуб Голубовски, член на претседателството на „Пчела“ информираше дека проектот има за цел да ги едуцира граѓаните колку се важни пчелите кои во последниве години од различни причини, вклучително и климатските промени, умираат. Тие, појаснува се најдобрите опрашувачи кои го збогатуваат квалитетот и квантитетот на флората. Во рамки на проектот се предвидува и поставување информативни табли за улогата на пчелите.

– И во наредниот период ќе се засадат ароматични растенија, ќе бидат поставени едукативни табли и овде на кејот и во средното училиште-најави Голубовски.

Определена количина на медоносни растенија и семиња ќе им биде поделена и на пчеларите. Проектот ќе трае до јуни, наредната година. ам/сп/

Back to top button
Close
Close