Svet.SlajderСветСвет.Портал

Медиумите во САД ќе користат дигитален жиг против лажните вести

Пред изборите во САД, што се закажани во ноември, група големи медиумски организации повторно работат заедно со цел да ги стопираат лажните вести

Вашингтон, 16 јули 2020 (МИА) – Пред изборите во САД, што се закажани во ноември, група големи медиумски организации повторно работат заедно со цел да ги стопираат лажните вести.

„Trusted News Initiative“ (ТНИ)  е коалиција на водечките издавачи и Мајкрософ кои се обврзаа дека заедно ќе работат на сузбивање на дезинформациите.

Тие ќе се обидат со користење на нова технологија за верификација, наречена „Проект потекло“, да ја означат легитимната содржина. На тој начин ќе се обидат да стават крај на лажните наслови кои се пренесуваат како вистински вести.

– Ознаките, брендовите и другите традиционални показатели на доверната повеќе не се доволни да обезбедат легитимна содржина. Поради тоа „Проектот потеко“ ќе става дигитален жиг на текстовите на партнерите на ТНИ, кој ќе го покажува официјалниот извор. Идејата е да им се помогне на луѓето да пронајдат вест од доверба, но и да ги филтрираат лажните содржини. За жал, се уште не знаеме како тоа ќе функционира, стандардите за „Проектот потекло“ дополнително треба да бидат објавени, соопшти ТНИ.

Членови на ТНИ се Би-Би-Си, Њујорк тајмс, Си-Би-Ес, Волстрит џурнал, Гугл, Фејсбук и Мајкрософт, а Асошијетед прес и Вашингтон пост се придружуваат оваа година. Најверојатно Гугл и Фејсбук ќе ја имаат најголемата одговорност откако долго време беа инкубатор на лажни вести. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close