Дописници МКДОпштински вести

Медицинско лице од Неготино кое работи во Скопје позитивно на Ковид-19

Медицинско лице од Неготино кое работи во Скопје е позитивно на Ковид-19.

Неготино, 11 септември 2020 (МИА) – Медицинско лице од Неготино кое работи во Скопје е позитивно на Ковид-19.

Ова е најновиот случај на коронавирус во Тиквешко во изминатите 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Лицето нема симптоми и не знае каде се заразило со вирусот. Се наоѓа на домашно лекување. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација. свд/нд/

Back to top button
Close
Close