0_Македонија.ПорталЕкономијаОпштество

Медицински тим од „Аџибадем Систина“ и хотелот Ибис Стајл ставени на располагање за лица сомнителни на коронавирус

Целосниот капацитет на хотелот Ибис Стајл - поранешната болница Мала Богородица – Систина од утре се става на располагање на Министерството за здравство, информираат од „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“.

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Целосниот капацитет на хотелот Ибис Стајл – поранешната болница Мала Богородица – Систина од утре се става на располагање на Министерството за здравство, информираат од „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“.

– Хотелот има капацитет од 47 соби и комплетно ќе биде пренаменет во Центар за изолација на сомнителни лица на вирусот Ковид-19 на кои им е определен 14 дневен изолационен период (карантин) од надлежните здравствени институции. Дополнително ќе биде обезбеден медицински тим од „Аџибадем Систина“ заедно со сета друга неопходна медицинска поддршка. Сите трошоци околу нивниот престој ќе бидат покриени од „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“, информираат од компанијата.

Доколку се јави потреба од дополнителни капацитети, покрај овие 47 соби на хотелот Ибис Стајл, „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ изразуваат подготвеност и целосно да ги отстапат капацитетите на „Ibis Skopje City Center“ хотелот кој располага со 110 соби кои би биле целосно пренаменети и опремени со сета потребна медицинска опрема и материјали. аа/са/

Back to top button
Close
Close