Општински вестиСкопје

Несоодветно третиран медицински отпад завршувал на „Дрисла“

Необработен медицински отпад без почитување на пропишаниот протокол се третирал на депонијата Дрисла. Случајот во декември го открил Инспекторатот на Град Скопје и го известил Јавното обвинителство.

Скопје, 4 февруари 2020 (МИА) – Необработен медицински отпад без почитување на пропишаниот протокол се третирал на депонијата Дрисла. Случајот во декември го открил Инспекторатот на Град Скопје и го известил Јавното обвинителство.

Ова го соопшти на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој побара од Јавното обвинителство да го испита случајот, а Министерството за животна средина и просторно планирање да ја испита работата на компаниите кои имаат лиценца.

Отпадот, како што појасни Шилегов, бил носен од Прилеп и Битола. скс/мс/

Back to top button
Close
Close