Оригинални текстови

Медарски за разговорот на снимката објавена од Милошоски

Би сакал да ја информирам јавноста дека разговорот на снимката, која беше објавена денес од страна на Антонио Милошоски, се однесува на мојот професионален ангажман за компанијата Тотал ТВ, каде бев ангажиран од мнозинскиот сосопственик, а во врска со кривична пријава, поднесена од малцинскиот сосопственик.Ова не е прв, ниту единствен мој ангажман за оваа фирма, мојата соработка со неа датира години пред тоа.

Скопје, 22 јуни 2020

Спротивно на она што го тврди Антонио Милошоски, во мојот ангажман нема ништо спротивно на законите и професионалната етика. Заради тоа, тој ќе биде тужен за клевета и вистинитоста на своите тврдења ќе мора да ги докаже на суд.

Фирмата ”Дијаверум” ми е позната само од медиумите и никогаш не сум имал било каков контакт со неа или било која друга компанија од областа на дијализата.

Филип Медарски

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close