Дописници МКДОпштински вести

Медалисти од државен карате натпревар на прием во општина Гостивар

Четворица млади каратисти кои освоија медали на последното Државно првенство за деца на денешниот прием од градоначалникот на општина Гостивар добија благодарници и пофални зборови за постигнатите резултати.

Гостивар, 12 март 2020 (МИА) – Четворица млади каратисти кои освоија медали на последното Државно првенство за деца на денешниот прием од градоначалникот на општина Гостивар добија благодарници и пофални зборови за постигнатите резултати.

Медалистите, членови на карате клубот „Асиарт“ предводени од нивниот тренер Берат Јакупи искажаа благодарност за поддршката која општина Гостивар ја дава за спортот.

– На овој начин се покажува почит кон спортистите и ова претставува дополнителна мотивиција за нив. Ова е значајно бидејќи со постигнатите резулатите на државното првенство, овие деца имаат можност и за настап на претстојното балканско првенство и освојување на барем еден медал, рече тренерот Јакупи.

Градоначалникот Арбен Таравари на приемот истакна дека локалната самоуправа во изминативе две години финансиски ги помага спортистите и искажа благодарност што за возврат на ваков начин помагаат во промовирањето на градот.

На последното државно првенство во карате за деца, златни медали освоија Амина Абдураими и Редон Сејфули, а среберени медали Сејдула Фидани и Ермал Имери во дисциплината кумите.згм/скс/

 

 

 

Back to top button
Close
Close