0_Магазин.ПорталДизајн

„Мечбокс“ најави колички засновани на вистински електромобили

Производителот на играчки со тоа сака да ја подигне свеста кај децата за влијанието на автомобилите врз животната средина.

Лондон, 16 април 2021 (МИА) – Британско-американскиот производител на играчки „Мечбокс“ ќе пушти во продажба колекција колички засновани на вистински електрични автомобили. Првиот модел ќе биде мини-реплика на „Тесла роудстер“, но ќе има и други модели во чијашто понуда ќе има и мали станици за полнење. Производителот на играчки со тоа сака да ја подигне свеста кај децата за влијанието на автомобилите врз животната средина.

И други компании, на пр. „Лего“, најавија сллични кампањи.

Останатите модели на „Мечбокс“ колички кои ќе се најдат на пазарот, се во облик на електромобили и хибриди на „Нисан“, „Тојота“ и „БМВ“. Тие, како и смалениот „Тесла роудстер“ ќе бидат изработени од 99 насто рециклирани материјали, како што најавија од компанијата за играчки. Пакувањето на количката нема да биде од пластика, туку од хартија и дрвени влакна.

Првата количка ќе се појави на пазарот следната 2020 година.

Компанијата „Мечбокс“ е основана во 1953 г. и продава над 40 милиони колички годишно, според Би-би-си. „Мател“, којашто е нејзина фирма-сопственик, исто така, планира да користи 100 насто рециклирани, рециклирачки или биолошки засновани пластични материјали во производството на сите свои производи и пакувања, до 2030 година.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close