0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Меѓународното европско движење: Навремен почеток на пристапните преговори е инвестиција во идните генерации на ЕУ

Навремената одлука за отворање пристапни преговори, со што ќе се надминат некои билатерални разлики, претставува инвестиција во сопствениот просперитет, безбедноста и идните генерации на ЕУ, како и поттик за посветеноста на народот и властите на Северна Македонија за изградба на заедничка европска иднина како дел од Европската Унија врз основа на процес заснован на заслуги.

Скопје, 11 декември 2020 (МИА) – Навремената одлука за отворање пристапни преговори, со што ќе се надминат некои билатерални разлики, претставува инвестиција во сопствениот просперитет, безбедноста и идните генерации на ЕУ, како и поттик за посветеноста на народот и властите на Северна Македонија за изградба на заедничка европска иднина како дел од Европската Унија врз основа на процес заснован на заслуги.

Со оваа порака меѓународното европско движење од Брисел го повика актуелното трио-претседателство на Советот на ЕУ да го модерира процесот на почнување на пристапните преговори со Северна Македонија и изрази надеж дека успешно ќе се отстранат сите пречки.

-Земјата почна со сериозна решителност кон евроинтеграциите и донесе опипливи реформи, не само преку договорот со Грција за прашањето за името. Во многу наврати се заклучува дека се исполнети условите за отворање на пристапните преговори, изразени во новата стратегија за проширување на ЕУ, се вели во реакцијата.

Оваа реакција доаѓа по барањето поддршка за Северна Македонија и официјалната изјава на Европското движење во Република Северна Македонија во однос на бугарското вето за почнување преговори за членство во ЕУ, што ја упати до своите европски партнери да се заземат за заедничка изградба на иднината во духот на заедништвото, солидарноста и почитувањето, наместо преправање на историјата. ац/

Таг
Back to top button
Close
Close