0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Меѓународна работилница во Гевгелија за користење на ИПАРД мерките

Гевгелија е домаќин и организатор на дводневната меѓународна работилница за подршка и подготовка на националната и локалната администрација, како и на локалните акциски групи за користење на новите мерки на ИПАРД програмата.

Гевгелија, 21 јануари 2020 (МИА) – Гевгелија е домаќин и организатор на дводневната меѓународна работилница за подршка и подготовка на националната и локалната администрација, како и на локалните акциски групи за користење на новите мерки на ИПАРД програмата.

Значајниот собир кој се одржува денеска и утре во присуство на претставници на Европската комисија, МЗШВ, националното тело за управување со ИПАРД програмата и локалните јавни власти го отвори Живко Брајковски, раководител на управниот орган за управување со ИПАРД програмата при МЗШВ, кој нагласи дека ресорното министерство и владата на Северна Македонија имаат големи очекувања од работилницата бидејќи во нашата земја веќе неколку години се спроведува мерката Техничка помош од која сепак биле апсорбирани малку средства, особено во пресрет на воведување на новите мерки.

Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, изрази задоволство што работилницата се одржува во Гевгелија бидејќи нуди можност за дирекно запознавање со мерките за искористување на ЕУ фондовите.

-За нас како општина една ваква работилница е посебно значајна пред се за оспособување на локалната администрација за поголема искористеност на европските програми,поебно програмата на ЕУ за рурален развој, рече Поцков кој нагласи дека бенефит од неа ќе има и локалната акциона група Бојмија што ја формираа општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Програмскиот менаџер,Ана Новак,појани дека целта на работилницата е на владината и локалната администрација да им обезбеди насоки како да ги користат фондовите за техничка помош за зајакнување на капацитетите на руралните здруженија и за изготвување на локални развојни стратегии со кои подоцна ќе бидат подготвени за аплицирање на LEADER мерката.

Свои искуства за искористување на LEADER мерката,во рамки на работилницата ќе изнесат експерти од Полска, Хрватска, Турција и Словенија. им/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close