БизнисДописници МКДОпштество

Меѓународна конференција во Гевгелија за помош во развојот на мали и средни претпријатија

Во организација на Фондацијата за локален развој, вчера и денеска во Гевгелија се одржува меѓународна конференција во рамки на проектот „Акцелератор на знаења за мали и средни претпијатија“ кој финансиски е подржан од фондовите на ЕУ.

Гевгелија, 12 декмври 2019 (МИА) – Во организација на Фондацијата за локален развој, вчера и денеска во Гевгелија се одржува меѓународна конференција во рамки на проектот „Акцелератор на знаења за мали и средни претпијатија“ кој финансиски е подржан од фондовите на ЕУ.

Учесници на конференцијата се претставници на мали и средни претпријатија од регионот, на бизнис центрите формирани во рамки на осумте плански региони во земјата, на граѓанскиот сектор и гости од Република Бугарија.

Отежнатиот пристап до финансии и ниското ниво на апсорпција на ЕУ фондовите од страна на малите и средните претпријатија се наметнаа како потреба за реализација на проектот кој предвидува мерки и активности кои ќе им овозможат на засегнатите да ја зајакнат конкурентноста на пазарот, велат организаторите.

Меѓународниот експерт Пламен Тодоров ги изнесе примерите од Република Бугарија за поддршка на бизнисот од страна на Европските фондови, а Петар Атанасов ги презентираше најдобрите практики за пристап до финансиите од страна на мали и средни претпријатија од Република Северна Македонија.

Како резултат од проектот се очекува зголемување на фокусот на подготовка на предлог проекти за различни фондови на ЕУ. им/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close