0_Спорт.ПорталКошарка

Меџик: Џордан останува најголемиот кошаркар на сите времиња

Досега, Кралот бил три пати шампион, додека Џордан има 6 НБА титули. Оваа сезона, сепак, Џејмс има просек од 25,3 поени, 7,7 скока и 10,9 асистенции и навивачите веруваат дека тој ќе ги одведе Л.А. Лејкерс до нивниот прв триумф од ерата на Коби Брајант.

Лос Анџелес, 8 јануари 2020 (МИА) – Мајкл Џордан останува најголемиот кошаркар на сите времиња, барем според легендата Меџик Џонсон.

Поранешната sвезда на ЛА Лејкерс, исто така, знае и што треба да направи Леброн Џејмс за да гонадмине Џордан. Двајцата често се споредувани еден со друг, но за Меџик поранешниот лидер на Чикаго Булс останува на тронот.

– За да може Леброн да го стигне Мајкл, тој мора да освои уште 2-3 титули. Ако тој може да го стори тоа, тогаш тој веројатно ќе биде најголемиот во историјата, рече Џонсон.

Досега, Кралот бил три пати шампион, додека Џордан има 6 НБА титули. Оваа сезона, сепак, Џејмс има просек од 25,3 поени, 7,7 скока и 10,9 асистенции и навивачите веруваат дека тој ќе ги одведе Л.А. Лејкерс до нивниот прв триумф од ерата на Коби Брајант.

– За мене, Мајкл продолжува да биде најголем, барем заради неговиот атлетизам и отскокот. Покрај тоа, неговиотскор во финалето е 6-0, што е неверојатно. Играв 9 финалиња за 12 години, но освоив само 5. Со оглед на тоа што Лери (Бирд) имаше 3 во истиот период, јас немам проблем, додаде Меџик.

Таг
Back to top button
Close
Close