0_Македонија.ПорталОригинални текстови

Меѓаши за Меѓународниот ден на мирот 21 Септември

21 септември – Меѓународниот ден на мирот, оваа година нè наоѓа во една поинаква состојба со сосема нови предизвици и проблеми, иако мирот и градењето мир и инаку постојано се под притисок на различни закани, потешкотии и опструкции .

Скопје, 21 септември 2020

21 септември – Меѓународниот ден на мирот, оваа година нè наоѓа во една поинаква состојба со сосема нови предизвици и проблеми, иако мирот и градењето мир и инаку постојано се под притисок на различни закани, потешкотии и опструкции .

Во изминатите месеци светот застана, се создаде тишина која се уште буди страв и неизвесност. Човештвото се бори со заеднички непријател – вирусот КОВИД-19, кој не бира ни раса, ни етничка припадност, ни вера, ниту пак социјален статус. Но тука, за жал, завршува заедништвото и се појавуваат разликите во однос на можностите за справувањето со оваа состојба иако никој/а не е поштеден/а од истата .

После седум месеци живеење во исчекување и неизвесност, додека животот се обидува да се врати во состојбата пред пандемијата, потребно е да се прашаме, што ни одзеде а што ни даде оваа состојба и кои се лекциите кои ги научивме од ова поинакво време.

Да посветиме повеќе време на емпатичност и меѓусебно разбирање, можеме и треба да се грижиме повеќе едни за други. Здравјето да го третираме како вистинско богатство а внатрешниот мир и добрата мисла за луѓето околу нас како нешто непроценливо!

Да не заборавиме дека вирусот КОВИД-19 одзеде многу човечки животи, аранливите ги ослабна економски уште повеќе и притоа да се подготвуваме како тоа да се случува што помалку во наредниот период…. Заедно со глобалната несигурност поврзана со пандемијата, на површина испливуваат и низа други општествени проблеми со кои мораме да се справуваме. Да преземеме лична одговорност и да не поддржуваме говор на омраза ниту какви било напади на меѓуетничка основа, да го препознаваме насилството околу нас и ненасилно да му се спротивставиме. На прагот на  веќе задоцнетата училишна година, да ги согледаме проблемите на другите и да правиме постјани напоритие да се решат. Големиот број (40.000!) ученици и ученички што немаат ИТ-уреди за да следат настава да не останат невидливи, тие се одговорност на сите нас. Да продолжиме да набљудуваме и конструктивно да делуваме.

Нека овој 21 септември биде почеток на градење на мирот во вистинска смисла на зборот, почнувајќи од себе и од своите соседи, ширејќи го кругот кон колегите/шките, наставниците/чките, ученичките/ците, пријателите/ките… бидејќи само заеднички можеме да ги надминеме стравовите и потешкотиите и да ги реализираме соништата и надежите.

Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close