Дописници МКДОпштински вести

МД „Илинден“ – Тирана ги повика Македонците во Албанија да гласаат на изборите на 12 април

Македонското друштво „Илинден” - Тирана ги повика сите Македонци во Република Албанија што имаат македонско државјанство да се пријават или да направат увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените избори за пратеници во Собранието на Северна Македонија, на 12 април.

Тирана, 20 февруари 2020 (МИА) – Македонското друштво „Илинден” – Тирана ги повика сите Македонци во Република Албанија што имаат македонско државјанство да се пријават или да направат увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените избори за пратеници во Собранието на Северна Македонија, на 12 април.

– Согласно јавниот повик објавен на сајтот на Државната изборна комисија на Македонија вашето избирачко право ќе може да го остварите со увид и пријавување во амбасадата на Република Македонија во Тирана, на улица „Кавајес’’ број 116, се наведува во повикот.

Се додава и дека увид во Избирачкиот список може да се направи и преку интернет страницата „dijaspora.sec.mk“, Изборачкиот список „izbrackispisok.gov.mk“, како и за пријава за регистрација за глaсање во Дијаспора „dijaspora.sec.mk“.

– Доколку сте во можност проверката во Избирачкиот список може да ја направите и лично во амбасадата на Република Македонија во Тирана, како и пријавувањето за гласање. За сите дополнители информации во врска со изборниот процес може да се јавите на телефонскот број на амбасадата 042230909, се наведува во повикот.

Се посочува дека гласањето ќе се одржи во сабота, на 11 април 2020 година во период од 7:00 до 19:00 часот, во просториите во Амбасадата во Тирана. вт/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close