Дописници МКДОпштински вести

МД „Илинден“ со честитка за Илинден

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до сите Македонци ширум светот.

Тирана, 2 август 2020 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до сите Македонци ширум светот.

– Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија, стои во честитката.

Се додава дека Илинден е ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број револуционери и борци, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

– Да го почитуваме и славиме Денот на двата ИЛИНДЕНА, со почит, гордост и достоинство,како што му прилега на овој голем ден,-стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо,Или Халилај. вт/оџ/

Back to top button
Close
Close