Дописници МКДОпштински вести

МД „Илинден“ со честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан

Македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан.

Тирана, 13 април 2021 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан.

Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста.

-Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа и до сите верници ширум светот да упатиме честитки по повод почетокот на месецот Рамазан, најдрагиот гостин на кој верниците муслимани му се радуваат. Месец во кој молитвите не се одбиваат, и Аллаховата милост е најголема. За многу години, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо,Или Халилај.

Исто така, се посакува да надвладее чувството на хуманост и солидарност, како „главнит карактеристики на месец Рамазан“.

-Посакуваме, Светиот месец Рамазан, верниците да го минат во добро здравје и духовна исполнетост и Алах да даде сила да се пребродат актуелните тешки времиња и во среќа и радост да минат рамазанските пости, се наведува во честитката на МД „Илинден“.вт/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close