0_Македонија.ПорталДописници СветОпштество

МД „Илинден“: Министерството за култура на Албанија не поддржа ниту еден проект на Македонците

Македонското друштво „Илинден“ - Тирана, во име на македонските друштва и здруженија во Албанија, реагира поради тоа што Министертвото за култура на Албанија не прифатило ниту еден проект предложен од асоцијациите на Македонците во Албанија.

Тирана, 27 февруари 2020 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, во име на македонските друштва и здруженија во Албанија, реагира поради тоа што Министертвото за култура на Албанија не прифатило ниту еден проект предложен од асоцијациите на Македонците во Албанија.

– Македонците во Албанија, преку Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, реагираат за несовесниот и крајно дискриминаторски однос на Министерството за култура и истакнуваат дека треба да добијат финансиска поддршка од државата за реализирање на нивни проекти. Покрај тоа, Македонците истакнуваат дека се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци кон државата, но пари за културни активности на лојалните граѓани со македонско етничко потекло, нема, стои во реакцијата.

Посебно се нагласува дека Друштвото на конкурсот аплицирало со проектот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“, што е исклучително значаен проект за македонската заедница, но оти не е поддржан.

– Македонците имаат потреба од финансиска поддршка на проектите од страна на Министерството за култура кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Албанија. Во овој случај, државата преку Министерството за култура покажува дека само декларативно се залага за демократска Албанија и за почитување на правата на малцинствата кои живеат на нејзина територија,се наведува во реакцијата.

Се додава дека повикот бил објавен од Министертвото за култура на 16 јануари и траел до 14 февруари, но „за жал Македонците беа само бројка во апликациите кои беа испратени на конкурсот“. вт/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close