Дописници МКДОпштински вести

МД „Илинден“ ја назначи Елса Џелили за координатор за округот Елбасан 

Македонското друштво „Илинден“ чие седиште е во Тирана а свој огранок има и во областа Голо Брдо, почна со назначување координатори во градовите во Албанија, каде што концентрацијата на Македонците е поголема.

Тирана, 7 мај 2021 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“ чие седиште е во Тирана а свој огранок има и во областа Голо Брдо, почна со назначување координатори во градовите во Албанија, каде што концентрацијата на Македонците е поголема.

Според одлуката донесена деновиве, назначен е координатор на друштвото за округот Елбасан.

-Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статут и согласно своите надлежности, за координатор на друштвото за округот Елбасан ја назначи Елса Џелили. Таа е Македонка од Голо Брдо, родена во село Требиште, но со живеалиште во село Тане, општина Ѓерѓан, округ Елбасан, соопштија од друштвото.

Се додава дека Елса Џелили е долгогодишен член на друштвото и еден од најголемите активисти меѓу Македонците во Албанија, во заложбите за остварување на нивните легитимни права, како и во негувањето на македонските национални, историски и културни особености.

За нејзиниот посебен придонес на тој план Џелили е добитник на благодарница, што друштвото ја доделува по повод неговото формирање – 6 февруари.

Од друштвото и посакуваат успех на младата Елса и најавуваат дека координатори набргу ќе бидат назначени во други делови на земјата. вт/хс/

Back to top button
Close
Close