0_Спорт.ПорталФудбал

Мбапе: Со добри трансфери убеден сум дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, верува дека неговиот тим може да ја освои Лигата на шампионите.

Париз, 6 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, верува дека неговиот тим може да ја освои Лигата на шампионите.

– Се разбира, јас сум оптимист дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Ова е како што треба, бидејќи ако не веруваме во ова, тогаш никој нема да верува за нас. Што се однесува до натпреварот со Баерн, ова е фудбал, мора да го поминете. Многу екипи го загубија финалето и го освоија трофејот една година подоцна. Очигледно ПСЖ порасна благодарение на ова финале. Претходно имавме бариера во четвртфиналната фаза, сега ја надминавме, истакна Мбапе.

Французинот побара во ПСЖ да се донесат вистински засилувања.

– Треба да се купат играчи со висок квалитет. Се надевам дека ќе имаме добри набавки. На овој начин можеме да ја започнеме новата сезона со цел да постигнеме повеќе од претходната, изјави Мбапе за „Telefoot“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close