0_Спорт.ПорталФудбал

Мбапе го извести раководството на ПСЖ за желбата да го напушти клубот

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, им порача на управата на клубот дека сака да го смени тимот, пренесува „OK Diario“.

Париз, 30 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, им порача на управата на клубот дека сака да го смени тимот, пренесува „OK Diario“.

Според изворот, 21-годишникот сериозно размислува да се пресели во Реал Мадрид и сака клубот да го напушти од Кнежеството.

Оваа сезона во Лига 1, Мбапе одигра пет натпревари, на кои постигна шест гола и забележа четири асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close