0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Маж починал по пад од карпа кај село Кошани

Во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје вчера попладне пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75), паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“, по што починал, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Кавадарци, 25 февруари 2021 (МИА) – Во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје вчера попладне пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75), паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“, по што починал, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Увид   извршиле   јавен   обвинител   и   увидна   екипа   од   ОВР Кавадарци, а по наредба на  обвинителот,  телото на починатиот било предадено на семејството. свд/бк/

Back to top button
Close
Close