ЕвропаЕвропа.Портал

Маж избоде минувачи во Белгија

Непознат маж е застрелан од полицијата во белгискиот град Гант, откако претходно избоде двајца случајни минувачи.

Брисел, 2 февриари 2020 (МИА) – Непознат маж е застрелан од полицијата во белгискиот град Гант, откако претходно избоде двајца случајни минувачи.

Засега не е позната здравствената состојба на повредените.

– Истрагата е во тек, ќе дадеме информација подоцна, изјави јавен обвинител.

Инцидентот се случува само неколку часа по терористичкиот напад во Лондон, каде, исто така, напаѓач беше застрелан од полицијата откако претходно избоде со нож две лица во лондонската област Стритхем. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close