0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Маж физички нападнат пред казино во Прилеп

Дваесет и осумгодишниот С.М. од село Тополчани изутринава, околу 2:45 часот, бил физички нападнат пред казино лоцирано во катна гаража во Прилеп. 

Скопје, 12 септември 2020 (МИА) – Дваесет и осумгодишниот С.М. од село Тополчани изутринава, околу 2:45 часот, бил физички нападнат пред казино лоцирано во катна гаража во Прилеп.

Како што се наведува во МВР-билтенот, С.М. пријавил дека бил нападнат од З.Е., кој бил обезбедување во објектот.

С.М. случајот во 03:10 часот го пријавил во Полициската станица Прилеп. Полицијата работи на расчистување на случајот. мд/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close