Дописници МКДОпштински вести

Матурантите од лани бараат да не полагаат државна матура   

Вкупно 1. 400 ученици што во минатите години не положиле државна матура бараат да не полагаат исто како овогодинашните матуранти. Сметаат дека собирањето во поголеми групи, поради здравствените мерки, е забрането. Тие денеска од Штип преку свои претставници побараа Министерството за образование и наука на оние кои за полагање се пријавиле до декември,  да им дозволи да се запишат на факултет со положена училишна матура. Кирил Ѓеорѓијев вели  дека во писмото испратено до Министерството наведуваат дека на овој начин  ги дискриминира во однос на сегашната генерација, бидејќи овие ученици со  владина Уредба годинава беа ослободени од полагање на испитот.

Штип, 14 мај 2020 (МИА) – Вкупно 1. 400 ученици што во минатите години не положиле државна матура бараат да не полагаат исто како овогодинашните матуранти. Сметаат дека собирањето во поголеми групи, поради здравствените мерки, е забрането. Тие денеска од Штип преку свои претставници побараа Министерството за образование и наука на оние кои за полагање се пријавиле до декември,  да им дозволи да се запишат на факултет со положена училишна матура. Кирил Ѓеорѓијев вели  дека во писмото испратено до Министерството наведуваат дека на овој начин  ги дискриминира во однос на сегашната генерација, бидејќи овие ученици со  владина Уредба годинава беа ослободени од полагање на испитот.

Министерството за образование и наука останува на ставот  дека нема дискриминација и ослободувањето ќе важи само за оваа генерација поради предизвиците со кои се соочуваат учениците предизвикани од пандемијата со коронавирусот, скратувањето на училишната година, нецелосно реализирање на наставната програма и учењето на далечина, а учениците претходните години, кои до крајот на декември ја пријавиле државната матура, школската матура или завршниот испит, ќе ги полагаат вообичааено.

-Ова не е случај со учениците од претходните учебни години, бидејќи тие не се соочуваа со ваков тип предизвици – далечинско учење, скратена наставна материја и слично, односно воспитно-образовниот процес за нив се реализира во вообичаени услов, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука. вдј/дма/

Back to top button
Close
Close