0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаОпштество

МАТТО идниот месец на меѓународните билатерални бизнис средби во Коџаели, Турција

И оваа година Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО), како национален партнер, со штанд, ќе учествува во меѓународните Co-Matching билатерални средби во Коџаели, Турција.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – И оваа година Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО), како национален партнер, со штанд, ќе учествува во меѓународните Co-Matching билатерални средби во Коџаели, Турција.

Средбите ќе се одржат на 19 и 20 март, а ги организираат Стопанската комора на Коџаели и Европска претприемачка мрежа (ЕЕН).

Првиот ден од настанот е предвиден за посети на водечките компании од регионот. На странските учесници ќе им се овозможи од првата рака да се запознаат со  деловната клима во индустриските зони на Коџаели.

-Претставници на компании од разни земји во светот доаѓаат во Коџаели со цел да пронајдат стратешки партнери не само од Турција, туку и од ЕУ, Блискиот исток, Кавказ, Балкан, Северна Африка. Компаниите на Б2Б деловните средби ќе можат да ги презентираат производите, проектите и услугите, да развиваат деловни мрежи, да воспостават нови трговски и технолошки соработки и да остварат проектни партнерства во индустријата за автоделови, металската, машинската и хемиската индустрија, градежништвото, енергетиката, електрониката, прехранбената индустрија, туризмот, велат од МАТТО. мч/дма/

 

 

 

Back to top button
Close
Close