Дописници МКДОпштество

Матео Петрески со прво место од Државниот натпревар на млади техничари и природници

На годинашниот 58. Државен натпревар на млади техничари и природници во организација на Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника, Матео Петрески ученик од 6-то одделение во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ Кичево учествуваше во категоријата кино и видео техника и го освои првото место, со краткиот игран филм „Карантин“, како монтажер на филмот.

Кичево, 1 јуни 2021 (МИА) – На годинашниот 58. Државен натпревар на млади техничари и природници во организација на Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника, Матео Петрески ученик од 6-то одделение во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ Кичево учествуваше во категоријата кино и видео техника и го освои првото место, со краткиот игран филм „Карантин“, како монтажер на филмот.

-Пресреќен сум што во силна конкуренција го освоив првото место на 58-от Државен натпревар на млади природници и техничари. Целокупната подготовка протекна во соработка со наставничката по ОТП Виолета Темелкоска, мојот ментор, за што сум и бескрајно благодарен. Со овој филм планирам да учествувам на 50-от јубилеен Државен натпревар на непрофесионален филм, изјави младиот Матео, одличен ученик од 6-то одделение.

Покрај Матео Петрески кој го освои првото место, на второ место се пласира Лорин Кочоски од ОУ„ Блаже Конески“ од Прилеп додека трет беше Иван Ќурчиев од ОУ „Љубен Лапе“ од Скопје. за/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close