КултураКултура.ПорталКултура.Слајдер

Матеа Киселичка настапува на „Пролетниот фестивал“ во Куншан, Кина

Современата танчерка и кореографка, Матеа Киселичка вечерва, на покана на Амбасадата на Република Северна Македонија во Кина, ќе настапи на „Гала вечерта“ во рамки на „Пролетниот фестивал“ во Куншан (Кина) со која се одбележува соработката помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Во „Гала вечерта“, на која ќе присуствува дипломатискиот кор, како и значајни личности и уметници од Кина и Европа, ќе настапат повеќе уметници од различни категории, кои ги претставуваат своите земји и ја промовираат соработката која се одвива во последните неколку години. Настанот има за цел да ја обедини суштината на традиционалната и современата уметност на земјите учеснички, користејќи високотехнолошки и аудиовизиуелни методи за репродукција на врвните достигнувања на нивната култура и уметност.

Back to top button
Close
Close