БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Масовни тестирања за Ковид-19 во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос

Откако беше потврден првиот случај на Ковид-19 во најголемиот бегалски камп во Грција, на островот Лезбос, Националната организација за јавно здравје од вчера започна тестирање на мигрантите и бегалците за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 4 септември 2020 (МИА) – Откако беше потврден првиот случај на Ковид-19 во најголемиот бегалски камп во Грција, на островот Лезбос, Националната организација за јавно здравје од вчера започна тестирање на мигрантите и бегалците за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Кампот Мориа, од завчера е во карантин, а планирано е во следните денови да се спроведат 2.000 тестирања.

Два позитивни случаи на Ковид-19 беа потврдени и кај двајца баратели на азил сместени во бегалскиот камп во Инофита во централна Грција, а прифатниот центар, од вчера до 16 септември во карантин.ср/сд/

 

Таг
Back to top button
Close
Close